Денот на вљубените

Осмоодделениците поддржани од нивните наставници, денеска ја раздвижија атмосфетата меѓу учениците и наставниците со продажен базар на колачиња и го одбележаа Денот на вљубените. Домашни колачиња направени од ученици, мајки, баби во секакви бои и најчесто во форма на срциња беа достапни за сите ученици од првата смена. Секој бараше колаче по своја мерка и секој можеше да си дозволи барем по едно. На крај базарот беше прогласен за успешен, целта да се собере некој динар за потребите на ученичката заедница- остварена и секој засладен излезе од училиштето. Благодарност до секој ученик, родител, наставник, кои го направија овој ден поинаков од другите!