Едно за мене, едно за моето другарче од Македонија

Неколку пакети со книги, дискети и многу корисни прирачници по англиски јазик беа донирани и испратени од нашите другарчиња од „Синав колеџ“ Анталија како новогодишен подарок за нашите ученици. Во оваа донаторска акција „Едно за мене, едно за моето другарче од Македонија“ учестуваше целото училиште од Анталија и според кажувањата на нивните наставници со љубов се донирала книга плус. Оваа донација е показател дека соработката меѓу училиштата продолжува со истата посветеност и другарство меѓу учениците и наставниците.