Завршна манифестација„Едно сонце за сите“
Весело започна, уште повесело заврши проектот „Едно сонце за сите“! Во присуство на претставници на локалната заедница, родители, наставици, соработници и ученици на 21.12.2017 г., тимот координиран од Анита Димовска ја презентираша својата повеќемесечна работа. Музичка манифестација,спортска, ликовна и литературна работилица, патувањето во Словачка и посетата на знаменитости во Скопје, беа презентирани на видеото и во Сончевото катче. Меѓусебното дружење со „Порака наша“ и НРЦ се најголемите придобивки од овој Проект. Нашите ученици од 8 и 9 одд. уживаа во секој миг од осмислените активности и научија многу – научија да прифаќаат, да почитуваат, да помагаат и да сакаат. Проектот си ја оствари целта, браво за сите нас!
Leave a Reply