Реновирање столаријата во ПУ с.Биљановце
Светли и топли простории, убава атмосфера за работа и дружење е новата слика во ПУ с.Биљановце. На 17.11.2017г. учениците и нивните учителки Маја Лазаревска и Снежана Трајковска со пригодна претстава го прославија реновирањето на столаријата во нивното училиште. Ваков потфат не ќе беше можен без финансиската помош на фирмите „Биљановце компани“ и „Ники транс“. На прославата беа присутни претставниците од Сектор за образование на Куманово и стручната служба од нашето училиште. Добрата соработка со родителите и бизнис секторот се секогаш за доброто на нашите ученици. Голема благодарност до донаторите!
Leave a Reply