Ликовна работилница

Учениците од секцијата „Ван Гог“, менторирани од наставникот по ликовно образование Далибор Јовановски, на петтиот ден од еко акцијата, изработија прекрасни завеси од есенски лисја. Лисјата кои беа соберени од училишниот двор, овој пат беа искорисени на најкреативен можен начин. Фолија, селотејп, лисја, коноп и пред се уметничка идеја и холот е прошаран со сите еснски нијанси! Браво за вложениот труд, досетливоста, креативноста и пред се високата еколошка свест!