Работилница за I одд.
Во просториите на училишната медијатека на 26.10.2017г.се одржа работилница за родители на ученици од I одд. на тема Родителство. Работилницата ја осмислија и реализираа психолозите Кети Б. Доцевска и Владица Наковска. На работилницата беа присутни 20 родители кои беа запознаени со стилови на воспитување на децата. Работилницата ќе се реализира и со останатите родители на нашите првачиња.
Leave a Reply