Посета на Музеј на македонска борба и Спомен куќа на Мајка Тереза
Во рамки на проектот „Заедничка грижа за правилно насочување на учениците“, на 27.10.2017 г. беше реализирана посета на Музеј на македонска борба и Спомен куќа на Мајка Тереза со ученици од VII одд. и нивните класни раководители. Учениците прво го посетија Музејот на македонска борба каде од страна на кустосите во детаљи им беше презентирана борбата на македонскиот народ за самостаојна и слободна држава. Во Спомен куќа на Мајка Тереза учениците беа запознаени со животот и делото на нобеловката Мајка Тереза, како и за сегашните активности кои се преземаат од страна на нејзиниот ред, односно нејзините следбеници. Учениците ги посетија спомениците во центарот на Скопје и беа презадоволни од прошетката.
Leave a Reply