Втора награда за нашите поети

На 27.10.2017г. во Домот на културата „Трајко Прокопиев“ под оганизација на Друштво на писатели на Куманово, беше огранизирана манифестација по повод распишаниот конкурс „Разиграните бои на есента“. Од нашето Училиште на конкурсот учествуваа повеќе ученици, но како најдобри беа наградени:
Мила Цветановска 5-3 одд.-2 награда (ментор Биљана Ивановска) и
Јаков Крстевски 6-1 одд.-2 награда (ментор Маја Стојановска)
Учениците ги примија наградите во присуство на нивните наставници и голем број друграчиња.
Уживајте во прекрасните стихови…

Разиграните бои на есента

Разиграната есен дојде
Во жолто сè пројде
Лисјето од дрво паѓа
Есенско утро полека се раѓа.

Сонцето зад облаци се крие
Ластовичката некаде се мие,
Облаци од секаде идат
Есенското уто да го видат.

Есенска убавина се нуди
Живописност од секаде се буди,
Времето брзо лета
Сега помалку се шета.

На убавините им нема крај
Ова е есенски рај,
Корпите со плодови се полни
Секој гледа да се засолни.

Детска игра уште се ткае
Исто како Мај да е,
За есента сите пееме
И весело се смееме.

Мила Цветановска V-3 одд.
ООУ„Кочо Рацин“ Куманово
Ментор: Биљана Ивановска

Разиграните бои на есента

Есен ли си,есен мила
Ти раскошна самовила
Врз шумите што сонце кријат
А во градите дамар златен бијат.

Есен ли си, есен мила
Ил јаболка црвена
Во рацете мои тајна
И желба единствена.

Есен ли си, есен мила
Синевина што в очи точиш
Додека на птицата весела
Под крилото насмеана молчиш.

Есен ли си ти моја мила
Што со лисја си се скрила
И во крошните вишни
Виножито си свила.

Есен си знам ете,
Насекаде се твоите бои
Разиграни ги милуваат
и соновите мои.

Јаков Крстевски 6-1
ООУ„Кочо Рацин“Куманово
Ментор: Маја Стојановска