Посета на „Св. Пантелејмон“ и комплексот „Македонско село“
На 20.10.2017г.(петок) учениците од IX одд. го искористија прекрасниот есенски ден и заедно со нивните класни раководители и директорката Лидија Пешевска ги посетија црквата „Св.Пантелејмон“ и комплексот „Македонско село“. Оваа прошетка е дел од проектот „Заедничка грижа за правилно насочување на учениците“ и е дел од Годишната програма на Училиштето. Во Црквата учениците беа пречекани од кустосот кој им објасни дека црквата датира од 12 в. и многу пати била уништувани и повторно градена, но дека голем дел од фрески се сочувани од тој период. Во Комплексот ги разгледаа16 различни типови и автентични градби на селски куќи изградени во традиционалниот дух на македонската архитектура од XIX и XX век. Ги посетија работилниците со стари занаети:кујунџиската работилница (изработка на накит), грнчарска работилница, ткајачница и винарската визба. Групно го посетија и Етнолошки музеј и се запознаа со различни видови носии, накити од области низ Македонија. Прошетката беше еден прекрасен начин да се запознае нашата убава земја завиткана во најубавите бои на есента.
Leave a Reply