Детска недела
Цела недела течат активности предвидени по повод Детската недела. Го посетивме Градоначалникот, цртавме на паркингот, рецитиравме, пеевме и драматизиравме за нашите помали другарчиња и ги примивме во Детската организација во ПОУ с.Добрашане и с.Биљановце, бевме на промоција на „Детски лирски треперења“ и ја збогативме манифестацијата со наши творби… Секаде сме присутни, оваа недела е само за нас и така и ќе ја обележиме!Во присуство на родители, роднини, помали другарчиња од градинката „Ангел Шајче“ и постари другарчиња кои играа и пееја за нив,на 06.10.2017г. првачињата ја дадоа свечената заклетва и влегоа во Детската организација. Се закитија со беџевите, во рачиња цврсто ги држеа пасошите и громогласно ја повторуваа заклетвата изговорена од Директорката.
Убав, свечен ден во нашето Училиште!
Првачиња добредојдовте во Детската организација!
Leave a Reply