Посета на Спомен куќа на Мајка Тереза
На големо задоволство на нашите ученици-деветтоодделенци, децата од Национален Ромски Центар и штитениците на „Порака Наша“ со почеток на учебната 2017/18 г., продолжи и реализација на проектот „Едно сонце за сите“. На 22.09.2017г. шеесетина учесници, од трите партнер институции, уште во раните утрински часови организирано ја посетија Спомен куќа на Мајка Тереза. Кустосот на Музејот во детаљи раскажа за испосничкиот и пожртвуванот живот и многубројните дела која ги направила оваа голема хуманитарка. Раскажа за потеклото, за семејството, куќата,за нејзината посветеноста во лекувањето на смртно болните и помош на сиромашните. Посетителите разбраа за величината на делото на оваа голема хуманитарка која единствена од нашата земја ја има добиено Нобеловата награда за мир, а неодмна од Католичката црква е прогласена за светица. Задоволни од посетата, сите заедно го прошетавме плоштадот во Скопје, учениците уживаа во фотосесијата, дружењето и разгледувањето на спомениците. Сите заедно се вративме во нашето училиште и во мешани групи беа направени прекрасни хамери инспирирани од животот и делото на Мајка Тереза! Прекрасно поминат ден со нашите партнери, дружбата со нив е незаменлива и секогаш е поинаква и поинтересна!
Leave a Reply