Отворен ден за идни првачиња и нивни родители

На 25.04.2017г. во училишниот хол се одржа Отворен ден за идни првачиња и нивни родители. Психологот Кети Б. Доцевска и педагогот Сунчица Арсовска ги запознаа родителите со улога на родителот при подготовка за училиште на идните првачиња, им ги презентираа постигнувањата на Училиштето, ги прошетаа до канцаларијата на педагошко-психолошката служба, до нивните идни училници и до спортската сала. Првиот впечаток е најважен, се надеваме дека Училиштето остави добар впечаток на учениците и родителите.

https://www.facebook.com/ooukocoracinkumanovo/videos/1370940302944474/