ЗЛАТЕН МЕДАЛ

Златните момчиња-кошаркари го израдуваа целото училиште со ЗЛАТЕН МЕДАЛ!
Денеска во Струмица се одигра Final four.
Нашите ученици под менторство на наставникот по ФЗО, СУЗАНА НИКОЛОВСКА, го освоија првото место и станаа прваци во кошарка на Р. Македонија.
По добиената победа со основно училиште од Скопје, учениците играа против училиште од Струмица. Во продолжетоци Јован Цветков во последните 2 секунди даде тројка и го реши натпреварот во наша полза!
Горди сме, многу сме горди со нашите ученици и нивната менторка!
Оваа е уште еден голем успех за нашето училиште!

По тој повод на 10.05.2017г. директорката Лидија Пешевска, заменик директор Горан Арсовски и претседателот и заменик претседател на Советот на родители Бранко Зафировски и Тања Јакимовска, во свечена, но пријатна атмосфера, им врачија заслужени признанија на државните шамиони во кошарка од нашето училиште. Дипломи, медаљи, подароци и пред се прекрасни зборови од страна на Директорката заслужија:
Лука Димитриевски 7-2,
Ненад Стефановски 8-2,
Дамјан Митковски 8-4,
Милош Јовановиќ 8-4,
Марко Станковски 8-4 ,
Здравко Трендевски 8-5,
Петар Николовски 9-1,
Влатко Петровски 9-1,
Марко Јакимовски 9-1,
Никола Младеновски 9-1,
Јован Цветков 9-2,
Лука Бојковски 9-2,
Панче Гијевски 9-2,
Лука Филиповиќ 9-3,
Владимир Петковиќ 9-5.
Овој пласман на нашите ученици во државни рамки е потикнувачки, но и обврзувачки. Тренетор Сузана Николовска кажа дека долгогодишниот труд вродил со плод и дека работата со талентираните ученици продолжува.

 18268085_1380416965330141_4350843193777947110_n  18268452_1380416908663480_2975005052767982672_n  18342417_1390342571004247_5388269055117307627_n
 18425404_1390346721003832_4305637000273761650_n  18425410_1390343244337513_1878300608133442030_n  18446499_1390344481004056_5383412359284665231_n
 18425017_1390345544337283_3408970181162051595_n  18342229_1390344817670689_2493073708697050214_n  18342819_1390345197670651_7783109252033069867_n