Драмската секција од IX одд. учествуваше на хуманитарен настан

На 24.03.2017 г. Драмската секција од IX одд. од нашето училиште учествуваше на хуманитарен настан оргаизиран од Црвен крст – Куманово.
Во настанот учествуваше целот училиште: ученици, родители, наставници кои со самото присуство и купената карта придонесоа за реализирање на целта- изградба на куќа на социјално загрозено семејство Мартиновски.
Во преполната сала на Домот на културата „Трајко Прокопиев“, нашите млади актери, предводени од наставникот по македонски јазик Маја Стојановска ја одиграа драматизацијата „Тато, класна кажа ти да идеш на родителски!“.
Со смеа и ракоплескање нашите актери беа постојано поздравувани од страна на публиката, која уживаше во хумористичната содржината и професионализмот на овие мали, а толку големи актери.
Браво за хуманите актерите и менторот!

 17626232_1342077485830756_3212808692342697364_n  17553762_1342077599164078_1471110091053370735_n  17626377_1342074772497694_3774247661576405748_n
 17457508_1342075599164278_7140445974915280996_n  17499332_1342076005830904_6800538891454633548_n  17626308_1342073969164441_1913616699277789386_n
 17554332_1342078359164002_5207417007742525492_n  17626232_1342077485830756_3212808692342697364_n