Дел од проектот „Заедничка грижа за правилно насочување на учениците“-Посета на работни места

Во рамки на проектот „Заедничка грижа за правилно насочување на учениците“, предвидено е сите ученици од IX одд. да посетат работни места што ќе им помогнат за нивна полесна професионална орентација.
Овој проект се реализира со помош на нашите родители кои ги презентираа нивните работни места.
Дваесетина ученици на 29.03.2017г. предводени од наставничката Славица Николиќ и координаторот на проектот Ивана Ѓорѓиевска го посетија погонот и канцеларијата на родителот Дејан Арсовски кој во детаљи и усно и практично им го објасни процесот на производство на мебел.
Од набавка на материјали, преку транспорт, нарачки, дизајн, нацрти, изработка на различни видови на материјали, сечење, кантирање, дупчење, составување, до готов производ и монтажа, се им беше објаснето на учениците.
На учениците им се потенцира дека за ваков тип на работа, мора да имаат големи познавања од естетика, функционалност, економија, геометрија а пред се познавање на мајсторската работа и голема љубов и посветеност зада постигнат оддличен успех. Мајсторите ги запознаа учениците со сите постапки на составување на елементите и сите беа расположени за дополнителни прашања од учениците и наставниците.
Оваа посета беше реализирана во соработка до семејството Арсовски!

Ученици од IX одд. заинтересирани за медицинската струка на 30.03.2017г. посетија три работни места. Љубезно беа дочекани од наши родители и соседи кои работат во аптеката „Камилица“, стоматолошката ординација на докторка Фросина и Ординација на општ лекар. Медицинските лица во детаљи им го опишаа патот кој теба да се помине за да се стане фармацевт, стоматолог и општ лекар.
Им ги кажаа своите искуства при запишување во средните училишта, на факултетите, тежината на изучувањето на медицинските науки, но и посветеноста и при учењето и при работата на овие најхумани и најодговорни професии.
Дознаа за сите можности кои ги нудат овие професии, но и одговорностите со кои секојдневно живеат и се посветуваат на своите пациенти.
Огромната љубов и следењето на новините во нивните области се основен предуслов за успех на нивната професија.
Учениците се збогатија со уште едно големо искуство при определување на нивната идна професија.

На 30.03.2017г. дваесетина ученици од IX одд. ја посетија фабриката за производсво на чевли„НТК“, сместена во индустриската зона во Доброшане. Родителите на ученикот Кристијан Максимовски од 9-2 одд., Емилија и Митко како вистински домаќини и професионалци во својот бизнис, на учениците им ја објаснија целата постапка за производство на чевли. Од набавка на кожа, договори за лонг производство, транспорт, царина, преку кроење, сечење, штепување, лепење, контрола на квалитет, па се до пласман и понатамошен пат на нивниот производ, домаќините објаснија и им одговараа на заинтересираните ученици. Нивната порака беше дека занаетот злато вреди, а идеја, посветеност и упорноста секогаш резултираат со успех

На 31.03.2017 г, со учениците од IX одд. беше остварена уште една посета на работно место, предвидено во проектот „Заедничка грижа за правилно наасочување на учениците.“ Во пресрет ни излегоа родителите на Петар Каранфиловски, ученик од 9-1 одд, Биљана и Тони Каранфиловски. Љубезните родители организираа прошетка и презентација на фирмата „Детоил“, а учениците беа запознаени со разновидните дејности со кои се занимава оваа фирма. Од комерција, сметководителство, преку транспорт и шпедиција, царински склад, бензинска пумпа, ресторан, па се до трговија и складирање на нафтени деривати, железо, градежништво и многу други работни места и професии. Имавме многу малку време, за да бидат учениците во детаљи запознаени со толку многу различни дејности. Сепак целта беше остварена, оваа беше една ретка можност учениците да видат како се води успешен бизнис. Голема благодарност до родителите кои секогаш излегуваат во пресрет на нашето училиште!

Во рамки на проектот „Заедничка грижа за правилно насочување на учениците“ дваесетина ученици од IX одд. заедно со наставниците Лидија Крстевска и Ивана Ѓорѓиевска, ја посетија фирмата и продажниот салон на семејството Филиповиќ. Благодарение на љубезноаста на родителите на Лука и Јелена од IX-3 одд,, Гордана и Драган, учениците се запознаа со работа во фирма која се занимава со трговија на големо и мало со резервни делови за моторцикли. Учениците дознаа како од едно хоби и голем интерес и познавање на материјата, може да се започне и да се води успешен бизнис. Вредниот персонал составен од млад, надежен и едуциран кадар ја објасни целата процедура за увоз на делови од Кина, Виетнам, Италија и други земји со кои соработуваат. Преку профактура, фактура, мејлови, нарачки и дирекни телефонски контакти, на кои бевме сведоци, учениците се запознаа со тежината, но и потребата за упорност, следење на саеми, нови продукти, доследност во квалитетот и на договореното, кои се најголем предуслов за ваков успешен бизнис. Како добри домаќини не почестија, ни подарија убави подароци и посакаа повторна средба со учениците. Голема благодарност до семејството Филиповиќ, кои покажаа голема желба за соработка!

 17630151_1342298529141985_5850962503015141491_n  17626141_1342298379142000_8448483839793636505_n  17554346_1342356115802893_3303249688830595194_n
 17553522_1342356355802869_4496628356809335226_n 17634363_1342356232469548_2397920654837891498_n  17629891_1344272305611274_3253420133977961367_n
 17626142_1344272108944627_5656820504556279615_n  17426240_1344271935611311_8698430883176342165_n  17424725_1344271735611331_4387598711557221560_n
 17554002_1342369279134910_9007954511908857716_n  17760082_1350617118310126_4588594638479292133_n  17800350_1350616634976841_6786048853770274929_n