Даруваме радост 2017

На 28.03.2017г. на големо задоволство на сите ученици, родители и наставници и оваа година продолжи училишниот проект „Даруваме радост“. Координаторот на проектот, наставникот по англиски јазик Анита Димовска со својот ентузијазам повторно ги поттикна сите во Училиштето, а учениците-волонтери од IX и VIII одд., со голема посветеност, помогнаа во прибирање, селектирање на приборот и организаирање на големиот настан. Училиштен прибор, ранци, торбички за прибор, тетратки, лектири, сликовници, боички, моливчиња, папки и многу други мали и големи нешта, со огромна љубов и задоволство беа донирани од учениците од I-IX одд. Донираниот училиштен прибор следната недела со помош на ученици и родителите на учениците од V одд. ќе бидат дарувани на оние дечиња на кои им е најпотребен. Ќе бидат посетени учениците во подрачните училишта во село Кучкарево, Орашац, Центарот за ран детски развој, а сите останати материјали ќе бидат однесени во Црвениот крст- Куманово и предадени на социјално загрозените ученици. Хуманоста во нашето училиште се учи на дело, а делата секогаш се познаваат и се признаваат. Настанот медиумски беше покриен од нашите соработници ТВ К3. Голема благодарност на нашата директорка Лидија Пешевска која го одобри и поддржа Проектот, на сите наши мали хуманитарци и на големиот ментор, без чија иницијатива ништо не ќе беше можно!

http://www.mia.mk/mk/Inside/RenderSingleNews/134/133663242

Учениците, родителите и наставниците од ООУ„Кочо Рацин“ Куманово, на 20.04.2017г. го посетија Центарот за ран детски развој „Сонце“ во Пуковско и на учениците им подарија радост. Училишен прибор, сликовници, боенки, играчки соберени преку проектот„Даруваме радост“, координиран од наставникот Анита Димовска, по втор пат ги развесели детските лица, кои пак не почестија со песнички, стихотворби. Голема благодарност на родителите на ученици од V одд. кои несебично учествуваа при реализација на оваа хумана акција!

https://www.facebook.com/ooukocoracinkumanovo/videos/1366582786713559/

На 21.04.2017г. учениците, родителите и наставниците од ООУ„Кочо Рацин“ Куманово, го посетија подрачното училиште во с.Орашац и на учениците им подарија радост. Ранци и папки полни со училишен прибор, сликовници, лектири, како и друг потребен материјал за успешна настава соберени преку проектот„Даруваме радост“, координиран од наставникот Анита Димовска, ги развесели учениците од I-V одд. Голема благодарност на родителите на ученици од V одд. кои несебично учествуваа при реализација на оваа хумана акција!

https://www.facebook.com/ooukocoracinkumanovo/videos/1366591940045977/

На 21.04.2017г. учениците, родителите и наставниците од ООУ„Кочо Рацин“ Куманово, го посетија подрачното училиште во с.Кучкарево и на учениците од подрачните училишта од селата Кучкарево, Градиште, Кокошиње и Габреш им подарија радост. Ранци и папки полни со училишен прибор, сликовници, лектири, како и друг потребен материјал за успешна настава, соберени преку проектот„Даруваме радост“, координиран од наставникот Анита Димовска, ги развесели учениците од I-V одд. Во прекрасна атмосфера учениците си даруваа радост и љубов, славеа родендени, се дружеа. Голема благодарност на родителите на ученици од V одд. кои несебично учествуваа при реализација на оваа хумана акција!

https://www.facebook.com/ooukocoracinkumanovo/videos/1369871053051399/

 17621863_1342172522487919_5298187091549756642_o  17629629_1342176555820849_8754459049776425970_n  17523328_1342176225820882_1203903369623632275_n
 17634544_1342175622487609_7648434758217923429_n  17629733_1342174105821094_4126816061156914512_n  17553564_1342176572487514_6366805653467179954_n
 17554579_1342174985821006_6838801547507098330_n  17498563_1342173752487796_6083302963055832266_n  17498468_1342176779154160_5779740770953122100_n
 17523328_1342176225820882_1203903369623632275_n