Едно капаче-една надеж!

Сите ученици и вработените во нашето училиште се вклучија во акцијата „Едно капаче-една надеж“. Оваа акција се спроведува во целата Држава, а нашето училиште се вклучи со почетокот на второ полугодие. Наша цел е да собереме доволно капачиња за да може да добиеме инвалидска количка која ќе ја подариме на штитениците од „Порака наша“. Секоја паралелка организирано собра голем број капачиња кои се ставени во жардињери од гуми на сите влезни врата. Учениците имаат задача и понатаму да ги собираат капачињата од своите домови,а  оние кои ги купуваат за време на големите одмори да ги селектираат и да ги ставаат во жардињерите. Оваа акција кај учениците ја разбуди и еколошката и хуманитарната свест. Акцијата продолжува се додека не се соберат доволно килограми, кои ќе им помогнат на инвалидизираните лица од „Порака наша“!

 20170215_102050 20170215_101613 20170215_101431
 20170215_101831  20170215_103311  20170215_104359
 20170215_104422  20170215_104500  20170215_102014