Предновогодишно во „Порака наша“

Рачно изработени честитки, новогодишни колачиња, донација од слаткарница „Грими“, плетеници со имиња на штитениците и најважното- пријателска детска насмевка го исполни домот на „Порака наша“. Со радосни лица, расположени за дружба не дочекаа, разговара, се дружеа и се радуваа на нашите подароци. Прекрасни моменти поминети со прекрасни луѓе! Учениците беа воодушевени од комуникативноста и срдечноста на штитениците и договорија средби еднаш месечно со осмислени игри и забава. Вакви мигови го збогатуваат човечкиот дух. На сите од „Порака наша“, Ви посакуваме Среќна Нова 2017година!

 

 DSCN0206_640x480  DSCN0207_640x480  DSCN0219_640x480
 DSCN0221_640x480  DSCN0226_640x480  DSCN0244_640x480
 DSCN0261_640x480  DSCN0286_640x480  DSCN0275_640x480