Посетa на Музејот на македонска револуционерна борба и Спомен куќата на Мајка Тереза
На ден 17.11.2016 г. со ученици од 7 и 9 одд. беше реализирана посета на Музеј на национална борба и Спомен куќа на Мајка Тереза. Целта на посетата беше учениците, наставниците и родителите преку заедничко дружење да се запознаат со историските настани од крајот на 19 и почеток на 20 век и да ја осознаат големата мисионерска улога на мајка Тереза. Во посетата учествуваа 99 ученици, 4 наставници и 5 родители.
Во двата музеја водичите преку едночасовна презентација ги отсликаа настаните поврзани со овој историски период. Сите учесници беа многу внимателни и љубопитно слушаа за историските податоци. За време на посетата учениците беа многу заинтересирани и дисциплинирани и затоа беа пофалени од наставниците и родителите. По завршување на посетата сите безбедно се вратија дома со многу силни впечатоци.Оддговорен наставник беше професорот по историја Дамир Ланг.
Leave a Reply