Посета на Планетариум и Природно-научен музеј во Скопје

На ден 21.12 2016 година се реализира посета на Планетариум и Природно научен музеј во Скопје. Оваа посета е планирана во Годишната програма на нашето училиште, во рамки на проектот „Заедничка грижа за правилно насочување на учениците“. Група од околу 150 ученици од осмо и шесто одделение, 5 родители и 6 наставници организирано со три автобуси успешно ја реализира посета. Одговорен наставници беа: Јасмина Петрушевска и Жаклина Пешевска, а наставници кои помогнаа во реализацијата беа: Далибор Јовановски, Катерина Костадинова, Зденка Димиќ и Анита Димовска. По завршување на претпладневната смена учениците заминаа за Скопје.
При посетата на Планетариумот учениците беа поделени во 3 групи. Тука се запознаа со вселената, Сончевиот  систем , нашата галактика Млечен пат и други астрономски поими. Свое излагање имаше стручно лице кое работи во планетариумот. Учениците на крајот поставија неколку прашања. Во текот на предавањето учениците не ги сокриваа своите воодушевувања и задоволство каде за првпат се срекаваат со визуелно претставување на вселената.
Потоа го посетија и Природно научниот музеј. Овдека учениците се запознаа со богатството на флора и фауна, ендемичните инсекти, растенија, риби и некои цицачи. Предавањето беше реализрано од дипломиран биолог. Тој ги запозна учениците со застапеноста на флората и фауната од најстариот период- архајската ера, па се до денес. Учениците во текот на предавањето поставуваа прашања за што добиваа соодветни одговори.
Секоја група наизменично ги посетуваше Музејот, Планетариумот, а имаа и 1 час време за прошетка во центарот на Скопје.Во 17 часот сите беа пред Училиштето, каде ги дочекаа школските автобуси.
Со оваа посета учениците ги проширија своите знаења од областа на географијата и биологијата,  беше зголемена мотивираноста за учење на овие предмети, но истовремено имаше и дружење,  кое е неопходно за подобрување на социјалниот и емоционалниот аспект кај учениците.
Одговорни наставнци беа:Јасмина Петрушевска и Жаклина Пешевска.