Поетско творење и средба со писатели
По повод Денот на Училиштето, на 22.11.2016г. во медијатека беше организирано поетско творење. На творењето учествуваа најталентираните ученици од IV до IX одд., кои твореа на тема-Шепотот на есента.
Најталентираните ученици имаа чест да се дружат со писателите од Друштво на писатели на Куманово. Во многу пријатна атмосфера писателите им ги прочитаа своите лични творби, но им дадоа и многу корисни совети за творење и презентирање на сопствените творбите.
Со помош на писателите беа изберени и најдобрите творби од литературното творење и тоа во две категории:
IV, V и VI одд.
1 место Лука Христовски
2 место-Лука Перица
3 место-Коста Крстевски
VII, VIII и IX одд.
1 место Теодор Грујиќ
2 место Неда Арсениевска
3 место Симона Поповска
Писателите беа пријатно изненадени од талентираноста на нашите ученици и на библиотека „Фиданка“ подарија по една збирка поезија од нивните публицирани изданија.
Голема благодарност до Друштво на писатели на Куманово кои ни ги збогатија активностите организирани по повод Денот на Училиштето.
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
Leave a Reply