Месец на книгата

По повод Месецот на книгата во Училиштето од страна на училишната библиотека „Фиданка“, беа организирани низа активности.Соработката со големата група од градинката „Ангел Шајче“, клон„Пчелка“ и оваа година продолжи со исто темпо. Учениците  ја посетија училишната библиотека и медијатека „Фиданка“. Дечињата беа многу љубопитни, се запознаа со значењето на книгата и на библиотеката, поставуваа разновидни прашања и даваа интересни одговори, а доживувањето со нив беше незаменливо.Беше направена и возвратна посета од литературната секција од ООУ„Кочо Рацин“, која им се претстави на учениците од колон „Пчелка“, со своите најдобри литературни творби. Децата од градинката беа воодушевени од посетата, а учениците-литерати уживаа во друштвото на најмалите кои ги почестија со неколку песнички и стихотворби. Училиштето учествуваше и во завршна манифестација организирана од градската библиотека „Тане Георгиевски“  во СОУ„Перо Наков“. На Манифестацијата беше наградена Симона Поповска , ученичка во 8-3 одд. која освои III место на општинскиот натпревар Млади библиотекари, под менторство на Ивана Ѓорѓиевска На конкурсот распишан од градската библиотека на тема „Читајќи растеме“, II место освои Сара Конин, а III место Сара Трифуновска, под менторсво на Маја Стојановска.

15078953_1206770152694824_282947567014146232_n