Изработка на кош конструкција во ПОУ„Кочо Рацин“с.Орашац
Изработка на конструкцијата за поставување табла и обрач на спортското игралиште во подрачното училиште започна во септември 2016 година.Учество во изработката зедоа наставниците и техничкиот персонал во училиштето. Првин беше изварена конструкција која служи за поставување на табла и обрач. Како материјал за изработка на истата беше употребено железо и боја. На конструкцијата се намести табла со обрач кои истотака беа заштитени со префарбување од наставниците и хигиеничарите во училиштето.
Кош конструкцијата беше пуштена во употреба на 25 октомври 2016. Кошот ќе се користи во настава по физичко и здравствено образование како и за рекреација на населението.
Одговорни наставници за проектот се Марјан Нојковски и Јосип Анастасовски.
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
Leave a Reply