Велигденски базар
Како дел од проектот на МОН ,,Заедничка грижа за правилно насочување на учениците“, на 25.04.2016г. во ООУ,,Кочо Рацин“ Куманово се организираше Велигденски базар. Главни носители на настанот беа учениците, родителите и наставниците од III и V одд. кои преку заеднички работилници изработија прекрасни велигденски декорации, колачи и симболот на Велигден-вапцани јајца.
На Велигденскиот базар предходеа големи подготовки, известување и организирање на родители и на локалната заедница.
Базарот предизвика голема заинтересираност и присутност на голем број посетители и беше медиумски покриен од страна на ТВ К3.
Оговорни наставници беа Александра Апостоловска и Светлана Кузмановска.