Меморандум за соработка со колеџ „Синај“ Анталија, Турција
На 19.02.2015г. беше потпишан договор за соработка меѓу две училишта: Колеџ ,,Синај”Анталија од Турција и ООУ,,Кочо Рацин” Куманово од Македонија. Со овој договор се предвидува зголемена соработка на поле на образованието, историјата и културата меѓу двете земји. Размената на искуства, учебници, идеи во однос на наставната програма меѓу наставниците и учениците ќе биде бенифит и за двете Училишта. Предвидени се взаемни посети на ученици и наставници со цел стекнување и разменување на искуства со учество на ученици во настава и учество на наставници во реализиреање на наставните содржини. Предвидени се посета на културно- историски споменици од страна на наставниците и учениците со цел меѓусебно разбирање на културното наследство. Комуникацијата меѓу учениците и наставниците од двете училишта ќе се остварува со помош на интернет комуникација, видеа, презентации и дописи.