Училиштето се грижи и промовира јакнење на ученички активизам и активна соработка помеѓу ученици, наставници и стручна служба, преку редовни состаноци на ученичкиот парламент. Денешен состанок со исцрпен дневен ред и плодна и конструктивна дискусија, прво дискусија за успех и редовност на ученици во прво тримесечие, потоа реализирање на идеи дадени од ученици на претходни состаноци, а на состанокот се обајсни и улогата на ученички правобранител и ученици заменици. Посебен акцент се стави на дискусија за надминување на појави на материјални штети и појави на насилно однесување во училиште. Состанокот го водеше претседателот на училишниот парламент Анастасија Спасевска.