ХУМАНОСТ НА ДЕЛО!
Успешна крводарителска акција!
Во организација на Училиштето, Советот на родители, Ротари клуб, Одделот за трансфузиологија и Црвен крст Куманово, денеска се одржа втора по ред крводарителска акција ,,Дарувај живот”. Голем број наставници, родители и пријатели ја поддржаа оваа хумана акција, која станува традиционална. Волонтери на Црвен крст Куманово ја презентираа својата работа преку изложба на нивната работа и се здобија со голем број пријавени волонтери.
БРАВО за хуманите луѓе! Никогаш не се знае кога и на кого ќе спасиме живот👏💓!