Денес во ООУ„Кочо Рацин“ се случуваше хепенинг- славење на физиката, екологијата, уметноста, дизајнот, иновативноста…и се ова можеше да се види во макетите на нашите деветоодделенци! Секое одделение се претстави со по две макети: девојчињата изработуваа „Енергија на еден остров“, а пак момчињата „Топлинска изолација“!
Комисија од 10 наставници и претставници од педагошката служба гласаа за секоја од нив и еве ги резултатите:
„Енергија на еден остров “-со најмногу освоени бодови беа ученичките од 9-5, а потоа следуваат 9-2, 9-3, 9-1 и 9-4
,,Топлинска изолација “најмногу бодови освоија момчињата од 9-3, па следаа 9-5, 9-1, 9-2 и 9-4.
На натпреварот први се учениците од 9-5 одд., но денес сите беа победници, затоа што низ макетите, кои ги работеа со голема труд и посветеност, учениците покажаа многу други квалитети и позитивни особини, па така освен примена на знаењата по физика имаше прекрасно дружење и развивање на натпреварувачки дух.
Браво за ученици и браво за менторот Жаклина Пешевска, продолжите вака и во Новата 2020 !