На ден 28.02.2019год. (четврток) продолжи едукацијата за УСЕ – Училишни сообраќајни единици како дел од проектот “Безбедност во сообраќај” поддржан од Општински совет за безбедност во сообраќајот. Овој дел од едукацијата се реализираше во авто школа „ГАЛЕБ”-Куманово и заедно со СВР Куманово се одржа предавање за правила и прописи во сообраќајот и се реализираа контроли на моторни возила пред авто школата.Учесници, нашите учениците од VIII одд. со одговорната наставничка Галина Глигорова Пешиќ.