Училишен натпревар по англиски јазик во 9 одд.
Одржан училиштен натпревар на ниво на 9 одд. на 01.12.2015
- На овој училиштен натпревар учествуваа ученици од сите паралелки, вкупно 27. Ова не е класичен натпревар со прво, второ и трето место, туку се прогласува ученик на тримесечје, односно најдобар е оној ученик кој ќе освои најмногу поени, од вкупно 65. Тестовите кои се на принцип на интернационални тестови (PET, FCE, CAE итн), се во согласност со материјата која се изучува во деветто одделение и се превземени од ПЕТ тест буклет. Застапени се само три компоненти: читање, граматика и слушање без компонентите пишување и зборување. Тестот се работи 60 минути. За првиот класификационен период четворица ученици освоија по 60 бодови: Бојковиќ Емил, Бошковска Марта, Стојановска Мила и Дамјановска Драгана, па така сите беа прогласени за ученици на прво тримесечје. Генерално сите учесници постигнаа добри резултати и останаа мотивирани да продолжат и понатаму да учествуваат на овој натпревар. Учениците-прваци-добија пригодни Сертификати со потпис од Директорот на училиштето и печат.
Одржан училиштен натпревар на ниво на 9 одд. на 02.02.2016
- На овој училиштен натпревар учествуваа ученици од сите паралелки, вкупно 19. Ова не е класичен натпревар со прво, второ и трето место, туку се прогласува ученик на тримесечје, односно најдобар е оној ученик кој ќе освои најмногу поени, од вкупно 65. Тестовите кои се на принцип на интернационални тестови (PET, FCE, CAE итн), се во согласност со материјата која се изучува во деветто одделение и се превземени од ПЕТ тест буклет. Застапени се само три компоненти: читање, граматика и слушање без компонентите пишување и зборување. Тестот се работи 60 минути. За вториот класификационен период односно прво полугодие само еден ученик освои 57 од 65 бода: Миа Додевска, која беше прогласена за ученик на полугодие Сите учесници постигнаа добри резултати и останаа мотивирани да продолжат и понатаму да учествуваат на овој натпревар. Победникот доби пригоден Сертификат со потпис од Директорот на училиштето и печат.
Одржан училиштен натпревар на ниво на 9 одд. на 03.03.2016
- На овој училиштен натпревар учествуваа ученици од сите паралелки, вкупно 14. Ова не е класичен натпревар со прво, второ и трето место, туку се прогласува ученик на тримесечје, односно најдобар е оној ученик кој ќе освои најмногу поени, од вкупно 65. Тестовите кои се на принцип на интернационални тестови (PET, FCE, CAE итн), се во согласност со материјата која се изучува во деветто одделение и се превземени од ПЕТ тест буклет. Застапени се само три компоненти: читање, граматика и слушање без компонентите пишување и зборување. Тестот се работи 60 минути. За третиот класификационен период односно прво полугодие само еден ученик освои 60 од 65 бода: Марта Бошковска, која беше прогласена за ученик на трето тримесечје. Сите учесници постигнаа добри резултати и останаа мотивирани да продолжат и понатаму да учествуваат на овој натпревар. Победникот доби пригоден Сертификат со потпис од Директорот на училиштето и печат.
Ментор: Лидија Атанасовска