ИЗВЕШТАЈ од реализираниот училиштен натпревар по англиски јазик за VII одделение
На ден 23.02.2016 година (понеделник) се одржа училиштен натпревар по англиски јазик за учениците од VII одделение на кој учествуваа вкупно 61 ученик. Нивното присуство беше евидентирано на список за присутни ученици на кој сите се потпишаа своерачно. Учениците ги потпишаа тестовите со свои шифри или кодови коишто беа запечатени во плик се` до пополнувањето на ранг листата.
Учениците беа распоредени во три училници , а тестирањето беше надгледувано од страна на наставниците по англиски јазик: Ивана Банчоковска, Афродита Стојанова- Крстевска, Невенка Цветковска и Анита Димовска. Натпреварот траеше 1 час и 20 минути, и помина во најдобар ред. Сите ученици имаа доволно време да го решат тестот кој се состоеше од задача со читање и разбирање на текст како и задачи со примена и употреба на граматички и лексички содржини од англискиот јазик.
Од вкупно можни 100 поени, на прво место е рангирана Дени Наковска од VII-3 со освоени 92 поени, на второ место е Анастасија Стоилковска од VII-2 со освоени 87 поени и на трето место е Матеј Серафимовски од VII-3 со освоени 86 поени. За истакнување се и учениците Анастазија Крстевска од VII-2 и Анастасија Бошковска VII-3 кои се пласираа на четврто место со вкупно 85 поени, како и Јована Ристевска од VII-3 и Дамјан Филиповски од VII-3 кои се на петто место со вкупно 84 освоени поени.
Учениците рангирани на прво, второ и трето место добиваат диплома за освоено место. Пофалница за постигнати резултати добиваат ученици со освоени над 60 поени, додека пофалница за учество добиваат сите ученици со освоени над 20 поени. Останатите ученици добиваат потврда за учество на натпреварот.
Резултати од училишниот натпревар по англиски јазик одржан на 23.02.2016 година – VII одделение
Изготвил Анита Димовска