Здружението „Национален Ромски Центар“ од Куманово спроведе низа активности за имплементација на кампањата „Доста! Надмини ги предрасудите, запознај ги Ромите!“. На 30 септември, 5 ученици од нашето училиште заедно со наставникот по ликовно образование Далибор Јовановски, учествуваа во Работилница за надминување на предрасуди, стереотипи и дискриминација на ромскиот народ, а на 7 октомври беше организиран хепенинг на тема „Колку ги познавам Ромите“. Учениците беа задоволни од учеството и во двата настана, а нивните творби беа изложени на последниот настан организиран на 28.10.2016г. во мала сала на Центар за култура „Трајко Прокоопиев“ На оваа изложба беа презентирани сите ученички изработки: цртежи и насликани маици и платна, а беше презентиран и краток филм со кој беа опфатени сите учесници во кампањата.