Техничка олимпијада 2016
На 09.04.2016г(сабота), ООУ ,,Кочо Рацин“ Куманово беше домаќин на Државниот натпревар на младите техничари и природници во Македонија, на кој ќе учествуваа ученици од основното образование пријавени преку своите училишта. Организатор на Државниот натпревар беше Сојуз на клубовите на младите техничари и природници во Македонија во соработка со училиштето-домаќин ООУ ,,Кочо Рацин”- Куманово.
Овој натпревар претставува традиционала активност на Клубовите на млади техничари и природници и финале на достигнувањата. Оваа година се слави 70 години јублеј од постоење на Народна техника на Р.М. и истовремено е и 53-ти натпревар на државно ниво. По одржаните натпревари на клубски и регионално ниво, следуваше државен натпревар и тоа во три области на натпреварување: во областа на Техничко образование, Природни науки и Природни науки и техника, односно вкупно во 22 дисциплини. За да се реализираат сите овие натпревари, вработените во ООУ ,,Кочо Рацин“ –Куманово, вистински се потрудија. Се направија голем број на подготовки и приспособување на теренот во и околу Училиштето за натпреварите, се изгради базен за бродомоделарство, се известија сите релевантни институции за големиот број на учесници од целата Држава, се подготви приредба од страна на учениците.
Училиштето одговори најпрофесионално на зададената задача. Се примија околу 320 натпреварувачи, 150 ментори,60 членови на комисии, родители, придружници, набљудувачи и други гости, како и релевантни фактори од локално и државно ниво.