Драматизација  „Тато, класна кажа ти да идеш на родителски!“

На 03.06.2016г. во холот на Училиштето премиерно беше изведена драматизација ,,Тато, класна кажа ти да идеш на родителски! “ од ученици од VIII одд. под режисерската палка на професорката по македонски јазик Маја Стојановска и сценарио на библиотекар Ивана Ѓорѓиевска. Оваа изведба дојде како освежување по многубројните контролни, тестови и писмени и за учениците и за наставниците. На едноставен, но хумористичен начин е дадено секојдневие на родители кои се соочуват со пубертетскиот период на своите близнаци. Наставниците кои предаваат во осмо одделение можеа да се препознаат во глумата на своите ученици кои се обидоа преку говор, гестикулаци и надворешен изглед да ги доловат. Присутните наставници, родители и големиот број на ученици беа воодушевени од нашите млади актери, кои уживаа во својот настап и ги заслужија многубројните аплаузи. Истата драматизација беше изведена и на 06.06.2016г. по повод  свечено доделување на пофалници пред голем број родители. Парите  беа наменети за училишниот проект: ,,Градина”.

Улогите ги играа следниве ученици: Марко: Марко Јакимовски,          Сара: Теодора Грујиќ, Мајка: Сара Милковска, Татко: Петар Штерјовска, Комшика Лиде: Марија Тасевска, Симона:Маријана Цветковска, Марија:Марија Абдулкарим,Професорка Славица: Каролина Додевска,Професорка Маја: Анастасија Мицевска,  Професор Драги: Петар Николовски, Професор Дамир: Јован Цветков, Префосрка Ивана: Марта Стефановска.

dscn0287_1024x768 dscn0271_1024x768 dscn0284_1024x768
dscn0262_1024x768 dscn0249_1024x768 dscn0255_1024x768
dscn0290_1024x768dscn0270_1024x768 dscn0273_1024x768dscn0267_1024x768 dscn0232_1024x768dscn0281_1024x768
dscn0278_1024x768 dscn0214_1024x768