Собирна хуманитарна акција „Даруваме радост“
На 28.03.2016г. во холот на ООУ „Кочо Рацин“ беше организирана хуманитарна акција под мотото ♥Даруваме радост♥ која непрекинато траеше од 8 часот наутро до 15 часот попладне. Учениците од I-IX одд. ги донираа своите играчки и на тој начин подарија насмевки на дечињата кои се дел од социјално ранливите групи на семејства. Сите занеме дека кога даруваме, споделуваме и кога од срце помагаме – негуваме трајни човечки вредности.
„Даруваме радост“ е училишен проект од хуманитарен карактер во рамките на Годишната програма за работа на Училиштето, реализиран со помош на Центарот за социјални работи и Општинската организација на Црвен крст- Куманово.
На 29.03.2016г. родители –волонтери заедно со директорката Лидија Пешевска, задолжените наставници и ученици лично ќе ги продарат играчките на семејства од Куманово и кумановската околина. Останатите играчи беа однесени во Општинската организација на Црвен крст и истите беа подарени на други деца, на кои ќе им го развеселат детскиот живот.Во акцијата учествуваа сите наставници од Училиштетоа, а координатор на оваа хуманитарна акција беше наставникот по англиски јазик Анита Димовска.