На 15.10.2016 г. во организација на Здружението за умствен развој „Бреин Гинис“ Куманово, во просториите на ООУ„Кочо Рацин“ беше одржан семинар на тема „Позитивна дисциплина“. Семинарот беше посетен од шеесетина наставници и родители од неколку града од Македонија. Темата беше интересна, а може да се каже и неопходна за воспитување на денешните генерации деца и ученици и затоа привлече големо внимание. Предавач на обуката беше психолог Николина Милосављевиќ- лиценциран советник и тренер за родители од Србија. Семинарот траеше три часа и присутните беа задоволни од новите техники за воспитание на идните и сегашните генерации.Овој семинар е потврда за големата соработрка со „Бреин гинис“Куманово, по потпишаниот меморандум.

14800012_1328049483874630_1392905229_o_600x33814813059_1328049430541302_1599966045_o_600x338 14800201_1328049470541298_1525664240_o_600x33814803234_1328049527207959_1135904908_o_600x338 14858821_1328049433874635_374353902_o_600x338