заедничка активност на ООУ”Кочо Рацин”и ОУ”Наим Фрешери” од Куманово во работилница по повод ден на Екологија-садење на украсни садници во претходно декорирани саксии
На 18.3.2016 год. и на 21.3.2016 год. се одржаа заеднички активности поврзани со Малиот грант подржан од страна на УСАИД. Со помош на 24 ученици(по 12 од секое училиште), а во мешовит состав и во присуство на двајца наставници кои ја координираа работата и помагаа во изведување на активностите , се изработија пролетни шари кои послужија како украс на саксии во кои после тоа беа засадени украсни саксиски растенија.
Цел на активностите беше учениците:
- да развиваат вештини за соработка и тимска работа со ученици од различни етнички заедници;
- да учествуваат во креирање на пролетни шари и упатство за чување на саксиски растенија
- да развиваат пријателство и дружење преку креативен и интерактивен однос со ученици од различни етнички заедници;
- да донесуваат заеднички одлуки;
- да развивата ставови за почитување на мислењето на останатите;
- да прифаќаат соученици од различни култури и етнички заедници;
- да развиваат почит и доверба кај другите.
На почетокот од првиот ден од заедничката активност учениците се запознаа меѓу себе претставувајќи се, потоа во мешан состав продолжија да работат на изработка на пролетни шари притоа давајќи свои идеи,користејќи ја својата креативност и украсувајќи ги саксиите. После тоа на апликации од саксиски растенија преминаа на пишување на упатства за одгледување на растенијата напишани на двата јазика.
Вториот ден , на првиот ден од пролетта, учениците продолжија со своите активности, а истите се однесуваа на засадување на украсни растенија во претходно украсените саксии. Секоја група во мешан состав со помош на хумус засади растение во предвидените саксии, а потоа ги постави и упатствата за одгледување и чување на истите растенија. На крај по завршување на работата и поставување на саксиите на предвидени места во ходник, учениците како спомен оствија свои отпечатоци на дланки со помош на темперни боици, како спомен за успешно изведената и завршена активност, а со надеж за понатамошна соработка на слични вакви активности.
Список на ученици од ООУ” Кочо Рацин”
- Анастазија Крстевска
- Јована Милетиќ
- Софија Краљевска
- Антонио Абдулкарим
- Матеј Серафимовски
- Матеј Вучевски
- Здравко Трендевски
- Теодора Јовчевска
- Милан Трајковски
- Евгенија Илиевска
- Кристина Кадриевска
- Михаил Димитриевски
Наставник: Зденка Димиќ
- Detlira Kamberi
- Almira Eshtrefi
- Zehra Bajrami
- Lorika Jonuzi
- Suela Ameti
- Xhemile Jashari
- Andi Iseni
- Armend Sinani
- Nexhip Jahiu
- Armene Lineri
- Qendrim Selmani
- Flamur Jashari
Наставник: Flora Xheladini