Реализирна спортска активност – Натпревар во шах

По повод Ден на училиштето наставниците Грозде Спасовски и Александар Атанасовски заедно со родителот Жарко Митковски –велемајстор во шах, организираа турнир во шах, на кој учество заедоа ученици и родители.
Беа пријавени 86 ученици (6 женски, 80 машки) и 4 родители. Поради огромен број на заинтересирани натпреварувачи на 20.11.2015г.се одржа квалификационен натпревар, по што беа одбрани 12 финалисти (3 женски, 9 машки) кои играа 7 кола. Беа добиени најдобрите шахисти во женска и машка категорија.
Родителот Жарко Митковски одигра симултанка со тројца родители што беа пријавени и со нивното присуство и игра го збогатија турнирот.
На финалниот натпревар одржан на 23.11.2015г. во машка конкуренција најдобри беа: прво место-Дамјан Митковски, второ место Александар Краљевски, трето место Милан Тодоровиќ, во женска конкуренција најдобра беше Марија Радевска, второ место Симона Поповска и трето место Евгенија Илиевска. Оваа активност беше медиумски покриена од страна на локалната телевизија К-3, радио ,,Браво” и интернет порталот Kumanovonews.
Најдобрите ученици заедно со своите ментори и со помош на родителот Жарко Митковски зедоа учество на државен натппревар во шах, одржан во Охрид на 18.12.2015г.

Одговорни наставници: Грозде Спасовски и Александар Атанасовски