Заедничка активност: Прочитав јас, прочитај и ти!
Во рамки на проектот од МОН за заедничка грижа на учениците а во рамките на одбележување на месецот на книгата на ден 13.11.2015 (петок) се одржа манифестацијата „Прочитав јас –прочитај ти“.За реализација на оваа активност претходно следеше работилница со партнер училиштето„Наим Фрашери“.Имено учениците од „Наим Фрашери“најпрвин ја посетија нашата училишна библиотека каде го разгледаа книжниот фонд, просторијата и уреденоста ,а од страна на училишниот библиотекар беа запознаени со бројката на книгитесо кои располага библиотеката ,начинот на редење и одржување.Потоа следеше наша посета на партнер училиштето и посета на нивната училишна библиотека .Учениците беа љубопитни ,поставуваа прашања ,ги разгледувааа книгите прашуваа за превод на насловите ,се прочита по некој извадок и истиот преведен. Следеше и работилница која се реализираше во просториите на градската библиотека„Тане Георгиевски“ од Куманово. Имено заеднички, учениците и наставниците од двете училишта ги посетија просториите на детскиот оддел каде се запознаа со книжниот фонд ,начин на селектирање и редење на книгите ,ги разгледаа рафтовите со лектирните изданија и на албански и на македонски јазик. Учениците беа љубопитни и постојано поставуваа прашања на одговорнот библиотекар .Следеше разгледување читање на извадоци од интересни книги и истите објаснувани. За оваа манифестација успешно да биде реализирана беа организирани работилници и за подготовка .Имено од старна на членовите на секцијата Млади библиотекари заедно со нивниот ментор Ивана Ѓеоргиевска и стручна помош од Далибор Јовановски беше изработено пано со наслов на манифестацијата,истото декорирано за да се вклопи во целиот амбиет и изработено репрезентативно пано со наслови од лектирни изданија и истите напишани и на македонски и на албански јазик.Во холот беше направен изложбен простор каде беа изложен и претставен книжниот фонд со кој располага училишната библиотека ,овојпат литература за возрасни ,книги подарени од МОН како и изработките од работилниците за запознавање на животот и делото на Фејзи Бојку и Христо Петрески.На денот на менифестацијата „Месецот на книгата“ заеднички учениците од двете училишта на присутните им го претставија штандот. Воедно беа поканети да го посетат,да ги разгледаат книгите и да бидат членови на нашата библиотека. Активноста беше збогатена со присуство на писателите Христо Петрески и Фејзи Бојку, чии стихови беа читани на двата јазика. Учениците имаа можност да разговаараат со писателите и да поставуваат прашања..Штандот предизвика голема заинтересираност и воодушевност и од изборот на книгите и од неговата уреденост.Беше посетен ,а учениците од двете училишта кои беа задолжени за истиот на присутните им го презентираа изложеното. Одговорни наставници Весна Тодоровска и Фросина Додевска.