Гостување на млади библиотекари на промоција на книга на писателот Нефат Јахију, во ООУ „Наим Фрашери“
Градската библиотека Тане Георгиевски, како дел од активностите предвидени за одбележување на јубилејот-70 години од своето постоење, во соработка со ООУ,,Наим Фрашери” го промовира дело на писателот Нехат Јахиу. Организаторите на промоцијата ги поканија членовите на секцијата Млади библиотекари од партнер училиштето ООУ,,Коцо Рацин” Наставниците од двата наставни јазици заеднички ги дефинираа целите на активноста и ги подготвија учениците да одговорат на дадената задача. Активноста започнува со игра за запознавање на учениците. Секој ученик си го кажа своето име. Две групи од по четири ученика влечеа ливчиња со исти букви. По извлечените ливчиња секој ученик од училиштето- гостин си најде свој партнер од домаќините и му го преде своето прашање наменето за писателот.Ученикот домаќин имаше задача да го преведе прашањето на албански јазик за да биде разбирливо за останатиот дел од публиката. Наставниците ги поттикнуваат сите ученици да учествуваат во дискусијата и кога им требаше помош, им даваа корисни совети. Учениците се запознаваат дека ќе работат во 4 мешани парови и дека задача на домаќините е да ги преведуваат прашањата и одговорите кои ќе следат од учениците и од писателот. Наставниците во текот на промоцијат на делото ги потикнуваа учениците и тие да ги постават своите прашања прво на македонски, а потоа на албански јазик. Професионалниот преведувач обезбеден од Библиотека го преведуваше излагањето на писателот од албански на македонски јазик и на тој начин им ја доближи соджината на песните на учениците- гости. Учениците домаќини заинтересирано ги следеа прашањата поставени од другите ученици и им ги преведуваа на учениците-гости. Кога имаа потешкотии во преведувања на прашањата и одговорите од писателот, бараа помош од наставниците.Се внимава учениците да се доживуваат рамноправно во текот на работата. Претставници од групата од двата наставни јазици накусо го презентираат своите искуства, потешкотиите со кои се сретнале и придобивките од една ваква активност.Групата заедно со своите наствници, писателот и претсавниците од Градска библиотека прават групна фотографија за спомен на овој настан. По завршување на промоцијата се разговараше за содржината на поезијата и инспирацијата на авторот. Се изработи хамер за живот и дело на Нехат Јахиу на кој се лепат смислените прашања од страна на млади библиотекари и преводите направени од нивните преведувачи- ученици од ООУ ,,Наим Фрашери”. Се остава место на хамерот за да стави заедничка фотографија од учесниците на активноста.