Извештај од проект „Градина-Изработка на витражи“

 

Проектот „Градина“ започна со својата реализација од почетокот на учебна година со правење и истражување на скици за витражи. Талентираните ученици од 7-9 одд. заитересирани да учествуваат во проектот, беа запознаени со идејата и подготвени стручно за нејзина реализација. Истите ученици цртаа скици за витражи на слободна тема и истражуваа на интернет. Посочуваа интересни примери и заедно со наставникот Далибор Јовановски ги избраа првите 11 витражи со мотиви од флора и фауна. Учениците  ги изготвија  скиците во .pdf формат со помош на наставникот. Со помош на средства одобрени од Директорката беа купени сите потребни материјали за реализација. Сликањето на витражи подинамично започна во месец април и траеше до средина на месец мај. Во оваа активност учествуваа ученици од двете смени и се работеше пред и по наставата и на часот по ликовно образование. Изработката на витражите ги потикна и другите наставници, кои не беа вклучени во овој проект, да учествуваат при естетско и функционално уредување на целата градина. Изработка на витражи ќе продолжи и во учебната 2016/17г. со изработка на нови витражи, со поинаква тематика во зависност од просторот во кој ќе се слика.

Одговорен наставник: Далибор Јовановски