Проект „Безбедни училишта“

Проектот Безбедни  училишта се реализира во соработка со Советот на Општина Куманово-сектор за образование, СВР-Куманово, ОБСЕ и сите субјекти  вклучени во реализација на образовниот процес при ООУ „Кочо Рацин“-Куманово.
Главна цел на проектот е да се подобри безбедноста на учениците во училиштата,да се намали степенот на насилно и асоцијално однесувањена  младите, преку подигање на свеста за намалување на насилство и вклучување во градење на безбедноста на сите ученици, нивните родители и образовниот персонал. Проектот има и посебни цели како: намалување на степенот на насилство во училиштата, зголемување на толеранција и меѓуетничка комуникација, јакнење на свеста на учениците, родителите, наставниците за потреба од учество во создавање на услови за безбедна средина и активно вклучување на сите во градење на безбедноста во училиштата.Во изминатата година се спроведоа повеке мултикултурни проекти во рамки на проектните активности од областа на граѓанска култура, култура за заштита, мир и толеранција, ликовни уметности, литературни, спортски и драмски активности.

  1. Во нашево училиште на почетокот на учебната 2015/2016 година, беа формирани тимови за безбедност на секоја паралелка (вкупно 20) на ниво од VI – IX одделение, во коишто членуваа по 4 ученика од секоја паралелка. Исто така, беа формирани и одделенски тимови за безбедност на ниво од VI – IX одделение, во коишто влегуваа одделенски раководител, еден ученик и еден родител.
  2. Формиран е училишен тим за безбедност составен од четири одделенски раководители, четири ученика и четири родители.
  3. Еднодневен заеднички проект „Заедно со граѓаните“ во соработка со СВР, ТППЕ, Здравствен дом, Црвен крст на 07.09.2015 год.
  4. Посета на ОУ „Фаик Коница“, с.Слупчане-прослава на Курбан Бајран на   25.09.2015 год.
  5. Учество во ,,Игри без граници,, во основно училиште -Вук Караџиќ Куманово  на 05.12.2015 год.
  6. Посета на МВР-СВР Куманово- Одбележување на  ден на превенција .  на 09.12. 2015 год.
  7. Посета на ОСТУ „Наце Буѓони“ – Куманово прослава на христијанскиот  празник – Божик на 06.01.2016 год.
  8. Во текот на првото полугодиее од ова учебна година секој месец во просториите на МВР-СВР-Куманово се одржуваа редовни состаноци со координаторите од другите училишта.

Координатор – Зоран Јаневски

12626035_736549709778460_967355713_n 12625961_736549953111769_70622465_n 12625844_736549606445137_363573448_n
12625731_736549713111793_821227211_n 12625613_736549736445124_2080441958_n 12607003_736549933111771_1044018991_n
12606829_736549723111792_285820159_n 12576341_736549949778436_704019706_n 12576312_736549616445136_424082549_n
12575835_736549939778437_2078677934_n 12626213_736549599778471_1303385683_n