ИЗВЕШТАЈ ЗА СПРОВЕДЕНА АКТИВНОСТ
На ден 3.06.2016г. (петок), во Училиштето беше реализирино едукативно предавање во рамките на проектот, ,Здрава храна-здрав живот“ од страна на др. Марија Петрушевска, лекар во Медицински центар-Куманово. Докторката беше дојдена на покана на координаторот на проектот во Училиштето, Лидија Крстевска – проф. по биологија, која претходно спроведе анкета помеѓу учениците од шестите одделенија. Целта на анкетата беше да се откријат прехрамбените навики на учениците и таа покажа дека нивната исхрана главно се темели на брза и нездрава храна.
Докторката ги советуваше учениците како да ги променат своите навики во исхраната, учениците поставуваа прашања и предавањето беше успешно реализирирано.