Заеднички час одржан во ООУ „Кочо Рацин“ на тема презентација на делата на писателот Христо Петрески
Во рамките на проектот МИО беше организирана и реализирана работилница со наслов-КНИГИТЕ ВЕЛАТ-.На оваа работилница домаќин беше нашето училиште ООУ„Кочо Рацин“ .Реализатори на работилницата беа учениците од VI одделение предводени од наставникот по македонскијазик Весна Тодоровска, а наши гости беа учениците од партнер училиштето „Наим Фрашери“,на оваа работилница најпрвин следеше запознавање меѓу учениците, размена на телефони ,мејлови и фејзбук профил и така во релаксирана ситуација се премина на работа.Учениците гости беа запознаени со живот и дело на македонскиот познат писател Христо Петревски. Беше подготвен краток пишан текст ,како и книги од овој автор .Пишанот текст беше прочитан, книгите разгледани прочитани одредени извадоци и истите овбјаснети на учениците од партнер училиштето.Од истраженото ,прочитаното и се разбира согледаното беа подготвени прашања кои ќе бидат поставени на средбата со овој автор наманифестацијата „Месецот на книгата“Потоа се истражуваше и се направи избор на убави и интересни мисли за книгата и преведени и на албански јазик.Следеше изработка на хамер со наслов „Книгите велат“ Учениците покажаа соработка,размислување и голема креативност.Овој хамер ќе биде поставен како изложбена опоставка на манифестацијата „Месецот на книгата“. Одговорни наставници Весна Тодоровска и Фросина Додевска.