Заеднички час одржан во ООУ „Наим Фрашери“ на тема презентација на делата на писателот Фејзи Бојку

Во рамки на реализацијана МИО активности се реализира  работилница со партнер училиштето„Наим Фрашери“ од Куманово. Имено ученици од нашето училиште беа госи на учениците од „ Наим Фрашери“ каде преку истражувачки активност и изработка на презентација се запознаа со животот и делото на Фејзи Бојку истакнат албански автор за литература за деца.Истражениот и подготвен материјал беше  запишани прочитан и  на македонски и на албански јазик .Потоа беше изработено пано каде исто така на двата јазика беа запишани годинана раѓање на авторот, наслови на негови книги,а како додаток за да се збогати паното беше направен избор на мисли за пријателството и истите беа запишани на двата јазика.Од истаржувањето и тоа што го научија учениците заедники подготвија прашање кои ќе ги постават на авторот лично на денот на Месецот на КНигата каде тој ќе биде гост.Во вистинска дружба ,размена на мислења и покажана креативност, на крајот од работилницита сите беа задоволни од крајните резулатит. Одговорни наставници Весна Тодоровска и Фросина Додевска.