Почитав јас-прочитај и ти!
Во рамки на проектот од МОН ,,Заедничка грижа за правилно насочување на учениците”, а во рамките на одбележување на Месецот на книгата на ден 14.11.2015 (петок) се одржа манифестацијата „Прочитав јас –прочитај ти“.
Претходно беа организирани работилници за подготовка. Имено беше изработено пано со наслов на манифестацијата, истото декорирано за да се вклопи во целиот амбиет. Исто така беше изработено и репрезентативно пано со наслови од лектирни изданија и истите напишани и на македонски и на албански јазик. Во изработката учествуваа ученици од шесто одделение, предводени од наставникот по македонски јазик Весна Тодоровска, во соработка со партнер училиштето ,,Наим Фрашери“, членови на библиотекарската секција при училишната библиотека „Фиданка“ предводени од библиотекарот Ивана Ѓеоргиевска и стручна помош од наставникот по ликовно образование Далибор Јовановски.
Во холот беше направен изложбен простор каде беа изложен и претставен книжниот фонд со кој располага училишната библиотека, овојпат литература за возрасни, книги подарени од МОН.
На денот на менифестацијата „Месецот на книгата“ меѓу другите активности кои се реализираа, на присутните им беше претставен и штандот, воедно беа поканети да го посетат, да ги разгледаат книгите и да бидат членови на нашата библиотека.
Штандот предизвика голема заинтересираност и воодушевност и од изборот на книгите и од неговата уреденост. Беше посетен од многу родители, наставници и ученици од двете училишта, а учениците кои беа задолжени за истиот на присутните, им го презентираа изложеното.
Одговорен наставник Весна Тодоровска