По повод крајот на учебната година и Денот на училиштето, од страна на Диркторката, Лидија Пешевска, беа доделени пофалници на Ученик на генерација, Давид Цетковски, на 25 континуирано одлични ученици, на ученици кои освоиле 1,2 и 3 место на регионален, државен и меѓународен натпревар и на најистакнати наставници за оваа учебна година! Браво ученици и наставници, Вие сте нашата гордост!