Посета на филтер станица во Куманово
За реализација на проектот “Заедничка грижа за правилно насочување на учениците “ од Директорот на ООУ “Кочо Рацин“ до претпријатието “Водовод“ беше поднесено барање за посета на Филтер станица, Барањето беше прифатено и на учениците од 9 одделение (17 ученици од 5 паралелки, наставник по англиски јазик Лидија Атанасовска – одговорна за реализација на посетата, 1 родител на ученик од 9 одделение и еден родител на ученик од 7 одделение кој воедно и ни го објасни процесот на филтрирање на водата) на 16.03.2016 година ни беше овозможена посета на Филтер станица-Куманово. Посетата беше закажана во 12 часот, а училиштето обезбеди превоз до станицата.
По пристигнувањето во Филтер станицата бевме однесени до базените каде имавме прилика, практично и на лице место, да го видиме самиот процес на пречистување на водата во базените, а родителот-вработен во тој дел ни го објасни процесот на доаѓање на водата во базените, нејзиното пречистување и доведување до институциите и нашите домовите. Процесот на пречистување го привлече вниманието на учениците, па следеа и многу прашања од нивна страна.
По завршување на обиколката, бевме примени во лабораторија каде Г-ѓа Тања Томиќ, дипломиран биохемичар, ни даде исцрпно објаснување за 24 часовно следење на квалитетот на водата односно добивање микробиолошки исправна вода, која нема да има ниту мирис ниту боја. Воедно изведе и неколку експерименти за начинот на хлорирање на водата, а ни покажа и стакленца со изолирани микроби. Учениците покажаа голем интерес, па беа направени уште неколку експерименти со цел да се задоволи нивната љубопитноста
На заминување направивме и неколку заеднички фотографии. Учениците беа задоволни од реализираната посета .
Оваа посета е само една од предвидените посети на работните места, која треба да им помогне на учениците за полесно професионално орентирање по завршување на основно образование.