Посета на Природно – научен музеј и Планетариум во Скопје

На ден 04.11 2015 година се реализира посета на Планетариум и Природно научен музеј во Скопје. Според годишната програма на нашето училиште , во рамки на проектот Заедничка грижа за правилно насочување на учениците, група од околу 100 ученици од осмо и шесто одделение, родители и наставниците: Славица Николиќ-одговорен наставцник, Лидија Крстевска, Весна Тодоровска и Соња Коцевска. По завршување на претпладневната смена учениците заминаа за Скопје.
При посетата на планетариумот учениците беа поделени во 2 групи. Тука се запознаа со вселената, Сончевиот систем , нашата галактика Млечен пат и други астрономски поими. Свое излагање имаше стручно лице кое работи во планетариумот. Учениците на крајот поставија неколку прашања. Во текот на предавањето учениците не ги сокриваа своите воодушевувања и задоволство каде за првпат се срекаваат со визуелно претставување на вселената. Некои истакнаа дека се чувствуваат како да се наогаат во вселенски брод и се шетаат во вселената.
Потоа го посетивме и природно научниот музеј. Овдека учениците се запознаа со богатството на флора и фауна, ендемичните инсекти, растенија, риби и некои цицачи. Предавањето беше реализрано од дипломиран биолог. Тој ги запозна учениците со застапеноста на флората и фауната од најстариот период архајската ера, па се до денес. Учениците во текот на предавањето поставуваа прашања за што добиваа соодветни одговори. Во поладневните часови среќни , весели со песна се вративме во Кумнаново.
Заклучок од посетата: Учениците ги проширија своите знаења од областа на географијата и биологијата, беше зголемена мотивираноста за учење на овие предмети, но истовремено имаше и дружење , нови пријателства што во последно време недостасува и е потребно подобрување на социјалниот и емоционалниот аспект кај учениците.

Одговорен наставник Славица Николиќ