Ученици од седмо одд. од централното училиште ги посетија своите другарчиња од подрачното училиште како дел од проектот ,,Заедничка грижа за правилно насочување на учениците” и како активност на географска секција од двете училишта предводени од Славица Николиќ, Афродита Петрушевиќ и педагогот Сашка Стаменковска.
Учениците се запознаа со историјатот на оваа големо училиште кое што ни го претстави наставникот по географија, со карактеристиките на оваа преуваво село од кумановскиот крај кои што ни ги раскажа родител од оваа училиште.
Учениците другаруваа со своите другарчиња, кои не пречекаа со топло добредојде, уживавме во прекрасна прошетка низ селото и за крај одигравме пријателски натпревар во фудбал. За спомен од оваа посета нашите ученици подарија фудбал на своите другарчиња, а со себе земаа убави спомени и моменти на другарување